
Барселона никако да излезе од сериозната резултатска криза, која само се продлабочи вечерва по ремито од 1-1 против Алавес. Ниту новиот привремен тренер на каталонците, Серхи Барјуан не успеа да ја подобри играта и тактиката на домашниот состав.
Во првото полувреме мрежите мируваа на двете страни, но по само четири минути по паузата, Мемфис Депај ја доведе Барса во водство. Поранешниот напаѓач на Лион успешно упати беспрекорен волеј-шут на само неколку метри надвор од шеснаесетникот, во мрежата на Сивеира. Но, како и досега, каталонците, несакајќи, сами си го исомплицираа одличниот резултат кој го имаа откако до него дојдоа на многу тежок начин.
Им требаа 49. минути за да поведат. но сето тоа го прокоцкаа за три минути, а најголем виновник за ова беше Жерар Пике. Така, Луис Риоха се запиша во листата на стрелците откако ја надигра средината на домаќинот, па целосно ја “измеша” и одбраната, по големото невнимание на капитенот на Барселона. За нештата да бидат уште полоши за шпанскиот гигант, кој сезонава, не ги живее своите најдобри моменти, повторно се повреди и аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal