
Барселона имаше разочарувачко гостување кај Атлетик Билбао каде не успеа да победи, а Френки де Јонг и Педри заработија сериозни повреди на прв поглед.
Холанскиот интернационалец беше снимен како се качува во авионот за Каталонија со патерици и чизма на десната нога бидејќи има повреда на глуждот. Педри, пак, плачеше на клупата откако беше принудно заменет.
„Многу сме тажни, бидејќи нивните повреди изгледаат многу сериозни“, прокоментира Чави по крајот на натпреварот кој заврши 0-0.
Frenkie de Jong arrives at the airport in crutches 🥺 pic.twitter.com/6nBmgcXBbv
— Zelo (@FCBZelo) March 4, 2024
Барселона и на претходниот натпревар против Атлетик Билбао за Купот на кралот даде „жртва“ со Алехандро Балде, чија сезона е завршена. Гави е додаден на списокот на повредени, како и Феран Торес и Маркос Алонсо.
Барселона има важен реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Наполи на 12 март, а пет дена подоцна следи дербито во Ла Лига против Атлетико Мадрид.
Каталонците се третопласирани на табелата со 58 бода, еден помалку од второпласираната Џирона и осум зад лидерот Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
