
Против Јувентус започна уште една истрага поврзана со сметководството на клубот во последните години, пишува „Ла Република“.
Додека клубот е под истрага во случајот Призма за фалсификување сметководство, откриени се докази за можна вмешаност на фиктивни посредници во трансферите на Јувентус. Така, Комисијата на агенти започна истрага наречена „Agentópoli“. Станува збор за наводна практика на клубот да вклучува италијански агенти во зделките на „старата дама“ без тие да имаат никаква улога во нив.
Се верува дека на овој начин торинскиот гигант сакал да им врати на спорните агенти за старите долгови што им ги должи.
Меѓу агентите под истрага има неколку имиња кои се популарни во италијанскиот фудбал, Давиде Липи, Габриеле Џуфрида, Џузепе Гали, Винченцо Морабито, Микеле Фиораванти и Тулио Тинти.
Нивната одбрана мора да биде поднесена до денеска, по што Комисијата на агенти ќе одлучи дали ќе воведе санкции за инволвираните страни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal