
Нова драматична ситуација во најтрофејниот македонски клуб. Вардар нема каде да тренира. Ниту комплексот во Хиподром, ниту Академијата блиску до арената „Тодор Проески“ не се сопственост на клубот. Очигледно и дека постои сериозно лоша комуникација меѓу се уште актуелниот спонзор Сергеј Самсоненко и новото раководство кое треба да го преземе клубот.
Најновите информации се дека Самсоненко не дозволува да се тренира на комплексот и на терените од Академијата затоа што тие не се сопственост на Вардар.
Од утре вардарци планираат да почнат со тренинзи, само пет-шест дена во пресрет на пролетната полусезона. Нов тренер е Никола Илиевски Џиџи, а „црвено-црните“ ќе имаат на располагање млади сили, надополнети со дел од поискусните кои останаа верни на клубот и не заминаа во друга средина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
