Жоел Матип го одигра последниот натпревар за тимот на Ливерпул оваа сезона. Менаџерот Јирген Клоп откри дека дефанзивецот ги скинал вкрстените лигаменти на коленото што значи дека ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.
Тогаш му истекува договорот со „црвените“ од „Енфилд“, а нема индиции дека ќе биде потпишан нов.
32-годишниот Матип се здоби со повреда на натпреварот против Фулам минатиот викенд. Останува да се види точно колку време ќе биде потребно за да се опорави, но прогнозата е лоша.
Камерунскиот репрезентативец е во Ливерпул од 2016 година, кога беше доведен на слободен трансфер од Шалке 04. За „црвените“ има 201 настап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













