Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со процесот на финансиска стабилизација, а позитивните вести доаѓаат од ден на ден. Клубот бележи пораст на интересот од спонзори, а денес пристигна и најава за нов голем странски партнер.
Станува збор за компанија која веќе има искуство во спортскиот спонзорски пазар и моментално соработува со неколку фудбалски клубови од регионот, меѓу кои се и: Сепси (Романија), Левски (Бугарија), Осијек (Хрватска), Пушкаш и Диосѓер (Унгарија).
Очекувањата се дека новото партнерство ќе донесе дополнителна стабилност и ќе ја зацврсти амбицијата на Вардар за враќање на старите славни денови, како на домашната, така и на меѓународната сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













