
Пол Погба е суспендиран за допинг, а уште еден играч на Јувентус, Николо Фаџоли, би можел да има долго „ладење“ поради – обложување!
Италијанските медиуми открија нова афера во Јувентус – Фаџоли наводно се обложувал на нелегални платформи, што е забрането со законите во Италија.
Иако, се разбира, коцкањето не е кривично дело, забрането е обложување во обложувалници кои не се овластени од италијанската влада, а уште полошо, забрането е да се обложуваат професионални фудбалери, учесници на натпревари достапни за обложување.
Истрагата против Фаџоли ја покрена државниот обвинител Мануел Педрота, а играчот на Јувентус е под лупа веќе неколку месеци. Со постапката се запознаени и адвокатите на Јувентус, а сега останува да се утврди дали Фаџоли стои зад сомнителните одлуки и колкава казна го чека.
Може да се каже дека дури и неговата професионална кариера зависи од доказите, бидејќи доколку Фаџиоли биде прогласен за виновен, би можел да биде суспендиран од професионалниот фудбал дури три години.
Казната во овој случај е 25.000 евра, но дефинитивно би бил најмалиот проблем на Фаџиоли ако се земат предвид платите на фудбалерите во Серија А.
Оваа сезона Николо Фаџоли почна да добива сѐ повеќе шанси кај Макс Алегри, одигра шест натпревари и забележа една асистенција во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
