На „Маракана“ во Белград се подготвува нов трансфер рекорд, а српските медиуми веќе најавуваат „трансфер каков што српскиот фудбал досега не видел“.
Црвена Звезда во последните години оствари неколку големи продажби. Летово младиот стопер Вељко Милосављевиќ прејде во Борнмут за 15 милиони евра плус бонуси, трансфер кој се смета за најскапа продажба во историјата на клубот. Замина и талентираниот офанзивен играч Андрија Максимовиќ, за кој Лајпциг плати нешто под 15 милиони.
Во поновата историја, Немања Радоњиќ замина во Олимпик Марсеј за 12 милиони евра, а Насер Џига во Вулверхемптон за ист износ.
Сепак, на „Маракана“ се надеваат дека рекордот ќе биде урнат со трансферот на младиот Василије Костов. Италијанскиот калчолигаш Интер е сериозно заинтересиран за него, а Црвена Звезда веќе ја одредила цената – 20 милиони евра.
Не е само Интер тој што го следи 17-годишниот бисер на Звезда, роден 2008 година, но токму италијанскиот клуб се смета за најодлучен во намерата да го донесе. Интер има позитивни искуства со играчи од регионот, пример е Хрватот Петар Сучиќ, донесен од Динамо Загреб.
Во Звезда се свесни дека Костов наскоро ќе си замине – не можат да го задржат, а и немаат намера, бидејќи ќе инкасираат рекордна сума.
Иако има само 17 години, Костов веќе е стандарден во тимот на Владан Милојевиќ. Како централен играч за врска, со клубот има трофеи во кадетска, младинска и сениорска конкуренција. Во актуелната сезона има пет гола и пет асистенции на 17 натпревари во домашното првенство, како и еден погодок на три меча во Конференциската лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













