Уште еден клучен играч на Реал Мадрид го пропушти синоќешниот тренинг на тимот, а раководството е загрижено дека бројот на повредени наскоро ќе биде двоцифрен.
Напаѓачот Родриго е под знак прашалник за гостувањето кај Кадиз в недела во Ла Лига, пишува шпанскиот весник „АС“.
22-годишниот фудбалер се врати со отечено колено по ударот на натпреварот меѓу Бразил и Аргентина. Бразилскиот интернационалец го одигра целиот натпревар во поразот од 0-1 во Рио де Жанеиро.
Доколку Родриго не се опорави целосно до викендот, стручниот штаб на Реал Мадрид најверојатно нема да ризикува со него против Кадиз.
Целта е Бразилецот да биде подготвен за дуелот од Лигата на шампионите следната недела со италијанскиот првак Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













