Ливерпул ја започна новата година на првото место во Премиер – лигата, но маките со повредите за тимот на Јирген Клоп продолжуваат со полна сила. Во нивниот прв натпревар во 2024 година, „црвените“ забележаа импресивна победа од 4-2 над Њукасл на „Енфилд“ и сега имаат три бода предност пред второпласираната Астон Вила.
На почетокот на вториот дел, сепак, се повреди играчот од средниот ред Доминик Шобошлаи, кој е еден од главните адути на Клоп од почетокот на сезоната.
Менаџерот на „црвените“ потврди дека унгарскиот интернационалец доживеал истегнување, но не даде прогнози за периодот на опоравување. Се очекува играчот од средниот ред да го пропушти претстојниот натпревар од ФА Купот против Арсенал в недела.
Во амбулантата на „Енфилд“ се и Тијаго Алкантара, Костас Цимикас, Енди Робертсон, Жоел Матип, Бен Доке и Стефан Бајчетиќ.
Добрата вест за „црвените“ е враќањето на Алексис Мекалистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













