Connect with us

Нов проблем за Клоп: Ван Дајк е посериозно повреден?

Вирџил ван Дајк беше повлечен од игра како мерка на внимателност, но се чини дека станува збор за сериозна повреда. Холанѓанецот беше заменет на полувремето од мечот со Брентфорд, а Јирген Клоп по мечот изјави дека тоа го направил од претпазливост. Сепак, прегледите потврдија дека повредата е од посериозна природа.


Станува збор за бутниот мускул, Ван Дајк ќе биде подложен на нови тестови во наредните денови, но очигледно ќе има пауза, можеби и од неколку недели.

Ова не е добра вест за Ливерпул чија одбрана делува доста критично оваа сезона, а допрва следи пеколен период.

Не треба да заборавиме дека Ливерпул има тешка задача во Лигата на шампионите, за месец и половина, на 21 февруари, во првиот осминафинален натпревар го пречекува Реал Мадрид.

Дотогаш Ливерпул игра со Вулверхемптон во ФА Купот, а во Премиер – лигата против Брајтон, Челси, повторно Волвс, Евертон и против Њукасл.

Во отсуство на Вирџил ван Дајк, до израз ќе дојдат Ибрахима Конате и Жоел Матип, кои ќе мора добро да се претстават за да го надополнат отсуството на холандскиот стопер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови