Барселона и тренерот Ханси Флик добија нов проблем пред продолжението на сезоната. Феран Торес мораше да го напушти кампот на шпанската репрезентација поради истегнување на мускулот.
По Дани Олмо, Торес е најновиот играч на каталонскиот клуб кој се соочува со здравствени проблеми. 25-годишниот напаѓач беше ослободен од репрезентативните обврски и ќе ја пропушти средбата против Бугарија во вторник.
„Медицинските испитувања покажаа прекумерна употреба на левата тетива, без да е констатирана повреда. Торес ќе продолжи со специјализиран третман“, соопшти клубот.
Иако Барселона не даде точен рок за опоравување, медиумите во Каталонија известуваат дека Феран ќе биде надвор од теренот околу две до три недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













