Нова повреда ги загрижи Микел Артета и Арсенал. Проблем има Каи Хаверц, кој се повреди за време на тренинг кампот на „топчиите“ во Дубаи.
Арсенал ја искористи паузата во Премиер – лигата за натпреварите од ФА Купот, каде тимот веќе го заврши својот настап, за да тренира во Дубаи. Сепак, за време на еден од тренинзите порано оваа недела, Каи Хаверц се повредил.
Германецот има проблем со тетивата, а нивото на повредата ќе биде соопштена од клубот по дополнителни прегледи.
Ова е уште еден удар за Артета, особено во нападот, бидејќи Букајо Сака, Габриел Жезус и Габриел Мартинели исто така се на лекување.
Следниот натпревар на Арсенал е на 15 февруари, кога ќе играат против Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













