Фудбалерот на Брајтон, Ив Бисума, е уапсен во средата навечер во ноќен клуб во градот под сомнение за сексуален напад. Ниту клубот ниту полицијата не го објавија неговото име, поради законот за заштита на податоци, но британскиот таблоид „Сан“ доби снимка на која јасно се гледа како 25-годишната ѕвезда на Брајтон е со лисици на рацете во друштво на полицијата откако некој ги повикал да дојдат во ноќниот клуб.
„Клубот беше преполн со студенти и сите беа шокирани кога го видоа таму. Но, уште поголем шок беше кога го видовме со лисици на рацете”, изјави еден од сведоците.
Бисума бил во клубот во друштво на 40-годишен пријател и двајцата биле уапсени и приведени на распит.
„Еден од нашите играчи во моментов соработува со полицијата во истрага за наводен прекршок. Клубот не може да коментира никакви детали”, официјално објави Брајтон.
Интернационалец од Мали во моментов е еден од најбараните играчи во Премиер – лигата. Одличниот играч за врска е цел на Манчестер Јунајтед и на Арсенал, а Ливерпул наводно веќе подготвил понуда од 40 милиони евра за него во зимскиот преоден рок.
Претходно, Бенјамин Менди од Манчестер Сити беше обвинет за четири случаи на сексуален напад и еден случај на силување и заврши во затвор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













