
Навивачите на ЦСКА Софија, таканаречените „Трибина Сектор Г“, побараа од раководството на клубот да не игра пријателски натпревар со Македонија ЃП на 29. јануари во текот на зимските подготовки. Ова е втор пријателски меч што најверојатно ќе биде откажан, откако и Пирин го откажа тестот против ФК Скопје.
„Ќе ја искористиме нашата трибина да ги повикаме раководните фактори во нашиот сакан клуб да ја откажат претстојната контрола на 29 јануари со ФК Македонија Ѓорче Петров. Вето за антибугарштината! Силно веруваме дека нашиот национален интерес и достоинство немаат алтернатива. Бугарија пред се!“, истакнаа навивачите на Фејсбук.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal