Нотингем Форест конечно дојде до здив. Aнглискиот премиерлигаш ја прекина негативната низа со триумф од 2-0 против Порто вo третото коло од Лигата на Европа.
Пред полните трибини на „Сити Граунд“, „шумарите“ одиграа цврсто, дисциплинирано и покажаа карактер. Обата гола паднаа од белата точка, Морган Гибс-Вајт и Хесус беа прецизни и ја потврдија првата европска победа на Форест сезонава.
Оваа вечер беше посебна и за Шон Дајш, кој дебитираше на клупата со триумф. Новиот менаџер донесе енергија, стабилност и — најважно — победa што може да го вратат тимот на вистинскиот пат.
Фрајбург рутински славеше со 2-0 против Утрехт, благодарение на головите на Сузуки и Грифо уште во првото полувреме.
Во Рим, пак, Рома продолжува со разочарувачки настапи во Европа. По поразот од Лил во претходното коло, „волчицата“ падна и пред својата публика — 1-2 против Викторија Плзен. Херои на Чесите беа Абу и Соаре, кои погодија во само две минути (20. и 22.), а Пауло Дибала само ги ублажи страдањата со гол од пенал.
Највозбудливо беше во Франција, каде што ПАОК направи вистинска сензација и го совлада Лил со 3-4 во спектакуларен натпревар со дури седум погодоци!
Селтик и Феенорд ги оправдаа улогите на фаворити и запишаа сигурни победи над Штурм и Панатинаикос пред својата публика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роберт Просинечки е нов селектор на Киргистан
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













