Голманот Руне Јарштајн ја тужи Херта откако клубот го ослободи од обврските. Портпаролот на судот во Берлин за ДПА изјави дека постапката е започната, а првичното рочиште ќе се одржи на 1 ноември.
Норвежанецот, кој ѝ се приклучи на Херта во 2014 година, првично беше исфрлен од тимот по кавгата со тренерот на голманите Андреас Мангер, а подоцна беше ослободен од обврските.
Данецот Оливер Кристенсен е прв голман на тимот под водство на тренерот Сандро Шварц, додека поранешниот број еден Јарштајн го загуби местото по тешката борба со Ковид-19.
Јарштајн го одигра својот последен натпревар во Бундес-лигата во март 2021 година во победата од 3-0 над Баер Леверкузен. Набргу потоа, тој имаше сериозна инфекција со коронавирус и беше хоспитализиран поради воспаление на срцевиот мускул. После тоа, чуварот долго време лекуваше и повреда на коленото.
Тој играше на претсезонските тестови ова лето и се очекуваше да биде резервна опција на Оливер Кристенсен во текот на сезоната, но беше ослободен од клубот во средината на август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













