Connect with us

Норич не можеше да го сопре Челси (ВИДЕО)

Челси оствари победа (1-3) на гости кај последнопласираниот Норич и покажа дека санкциите кон клубот не успеака да го дестабилизираат тимот барем на овој натпревар. Тимот на Томас Тухел поведе брзо со 0-2, со головите на Шалоба и на Маунт, а Норич намали од пенал преку Пуки во 69.минута. Сепак, Каи Хаверц ги разреши дилемите во финишот со трет гол во мрежата на домаќинот.

Њукасл славеше со 1-2 на гости кај Саутемптон. Крис Вуд и Бруно Гимараеш беа стрелци за гостите, откако Саутемптон поведе со голот на Стјуарт Армстронг.

Вулверхемптон го победи Вотфорд со 4-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови