
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, зборуваше во пресрет на утрешниот натпревар на Баварците со Галатасарај во Лигата на шампионите.
„Среќен сум што се вратив и повторно ќе бидам дел од тимот во Лигата на шампионите. Играме дома, пред нашите навивачи против Галатасарај и јасно е дека нашата цел е нов триумф. Секако, имаме голем респект за противникот“, изјави Нојер.
Тој беше на голот и на дербито овој викенд против Борусија Дортмунд. Баварците победија на гости со 0-4.
„Во саботата одигравме многу добар натпревар. Имавме добра структура и контрола, максимална концентрација. Го искористивме моментумот, ги реализиравме шансите и би сакале да продолжиме во таков ритам. На добар пат сме, освен, секако, испаѓањето во Купот на Германија“, истакна капитенот на Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
