Connect with us

Нојер останува во Баерн Минхен најмалку до 2025 година

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер сака да остане во Баерн Минхен и да потпише нов договор. Според „Скај Германија“, преговорите околу новиот договор меѓу двете страни напредуваат многу брзо и наскоро би можело да видиме и официјализирање на новата соработка која ќе трае најмалку до 2025 година. Тогаш Нојер ќе има 39 години.


Тој сака да продолжи да брани и после тоа, што најверојатно ќе се случи, но прашање е дали тоа ќе биде во Баерн Минхен или во некој друг клуб.

Дека такво нешто е можно, докажа Џанлуиџи Буфон, кој на 43 години брани на одлично ниво во Парма и често прикажува маестрални игри.

Релацијата на Нојер со раководните лица на Баерн Минхен е совршена и нема никакви пречки за нов договор. Тој најверојатно по завршувањето на кариерата би требало да добие и функција во клубот.

Искусниот Германец во Баерн пристигна во 2011 година од Шалке и оттогаш е незаменлив на голот на баварскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови