
ПСЖ се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство. Парижаните го совладаа Баерн со 2-0, а стрелци на головите беа Дуе и Дембеле. Иако останаа со двајца играчи помалку, европскиот првак успеа да го издржи налетот на Баерн и да обезбеди пласман понатаму.
Натпреварот го засени тешката повреда на Џамал Мусијала на крајот од првото полувреме – тој ја скрши левата нога и го очекува долга пауза.
Најстрашниот момент од натпреварот се случи во третата минута од судиското продолжение. Донарума ја фати топката пред Мусијала, но падна врз него. Германецот се здоби со тешка повреда и мораше да биде изнесен од игра, додека италијанскиот голман беше во солзи.
Голманот и капитен на Баерн, Мануел Нојер, го критикуваше Донарума:
„Тоа беше ситуација во која немаше потреба да се интервенира на таков начин. Тоа беше преземање ризик. Тој беше подготвен да ризикува и да го повреди противникот.“
„Му пријдов и му реков: ‘Зарем не сакаш да отидеш и да го видиш нашиот играч?’ Тоа е прашање на почит – да му пријдеш и да му посакаш сè најдобро. Дури тогаш го направи тоа. Фер-плејот е секогаш дел од играта. Јас би реагирал поинаку.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
