Connect with us

Нојер го достигна рекордот на Оливер Кан

Голманот на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер, ја оствари 310. победа во Бундес – лигата откако вчера со баварскиот тим славеше против Лајпциг. Со тоа го израмни рекордот на легендарниот Оливер Кан и сигурно ќе го подобри до крајот на сезоната.


„310 победи во Бундес – лигата за Мануел Нојер, израмнувајќи се со Оливер Кан во трката на сите времиња“, објави клубот Баерн Минхен на социјалните мрежи.


И самиот Нојер го коментираше своето извонредно достигнување на Инстаграм.


„459 натпревари, 310 победи. За мене е голема чест да стигнам до ова постигнување и да го споделам со легенда како Оливер Кан“, напиша голманот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови