Connect with us

Нкунку се врати на тренинзите на Лајпциг

Напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, се врати на тренинзите на тимот откако се опорави од повредата, објави бундеслигашот.


25-годишниот Нкунку сѐ уште е неизвесен за саботниот натпревар на домашен терен против Аугсбург во Бундес-лигата.

Кристофер Нкунку неговиот последен натпревар за тимот го имаше во поразот од Борусија Дортмунд со 1-2 на почетокот на март. Претходно поради повреда Французинот не учествуваше на Светското првенство во Катар.

Францускиот интернационалец има 17 настапи и 11 голови за Лајпциг во Бундес-лигата, но поради повредите, неговиот последен гол за тимот датира од 9 ноември минатата година против Фрајбург во победата од 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови