Connect with us

Ница и Лил играле фудбал, а на трибините некој си снимал порно-филм

Францускиот прволигаш Ница поднесе тужба против непознати сторители, откако се појави видео-материјал на страници за возрасни, снимен на стадионот на клубот.


„Ница стартуваше тужба против лицата кои го снимаа овој филм за возрасни во тоалетите на Алијанц Ривиера. Случката е од 29 јануари на мечот со Лил“, објави францускиот прволигаш.


Според информациите, видеото со порно содржина е снимен за време на мечот на 29 јануари со Лил. Сцената на филмот почнува на трибините на стадионот каде актерите почнуваат разговор, а потоа сексуалните активности се случуваат во еден од тоалетите.


Полицијата допрва треба да ги пронајде сторителите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови