Во разговор со “Ле Паризиен”, мајката и агент на Килијан Мбапе, Фајза Ламари, не ја отфрли можноста нејзиниот син да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.
“Во моментов разговараме за продолжуавње на договорот со ПСЖ и работите се одвиваат добро. Разговарав и со Леонардо синоќа”, рече Фајза Ламари во денешното интервју. “После сето она што се случи, дали ќе дојдеме до договор? Едно е сигурно: тој ќе даде се од себе до крај за да ја освои Лигата на шампионите.
“Мбапе сака да биде исполнет. Тој често ни го кажува тоа. Ако е несреќен, можеби ќе ви рече: ‘Ја завршувам кариерата’. Со Килијан, се може да се промени преку ноќ”.
Договорот на Мбапе со “светците” истекува на крајот на тековната сезона. Откако минатото лето побара да ги напушти “Парижаните”, но не му беше дозволено, се очекува тој да се приклучи на Реал Мадрид во 2022 година како слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













