Connect with us

Николов: Шериф е чекор напред за мене, ќе играм во Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец се врати во Молдавија по обврските со репрезентацијата и беше претставен на официјалниот сајт на Шериф Тираспол. Тој вели дека неговото доаѓање во клубот е чекор напред во кариерата, со оглед дека же игра во Лигата на шампионите.


„Ова е голем чекор напред за мене. Ќе играме во елитното европско натпреварување, во Лигата на шампионите. Бев во Италија, тоа беше многу добар период, а научив многу таму. Претходно, непроценливо е искуството и од Романија. Но, сега сум тука и среќен сум што сум дел од Шериф Тираспол. Верував во момците дека ќе можат да влезат во групната фаза. Сега знам дека можеме да одиграме добро на ова ниво и мислам дека нема да разочараме. Против Динамо Загреб видов тим кој доминираше 90 минути. Се надевам дека ќе можам и јас да помогнам. Веќе знам дека има голема конкуренција, но јас сум подготвен“, изјави Бобан Николов за клупскиот сајт на Шериф Тираспол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови