
Бобан Николов е единствениот македонски репрезентативец кој оваа сезона е дел од Лигата на шампионите, изземајќи го Ердал Ракип кој игра со Малме, а допрва треба да го носи националниот дрес. Вечерва Николов со тимот на Шериф Тираспол ќе биде гостин на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Јасно е дека „кралевите“ се големи фаворити, а Бобан Николов за МАКФУДБАЛ вели дека ќе ужива во секој момент на „Сантијаго Бернабеу“.
„Чест е да се биде дел од Лигата на шампионите, а дуелот со Реал Мадрид на култниот „Сантијаго Бернабеу“ е доживување за секој фудбалер. Искрено, ќе уживам и јас и сите мои соиграчи, навистина е посебно да се биде учесник во елитното европско натпреварување. Се разбира дека Реал Мадрид е фаворит, игра дома и знаеме за каков тим се работи, но ние сме подготвени да дадеме максимум и се надеваме на позитивен исход“, вели за МАКФУДБАЛ од Мадрид, Бобан Николов.
Шериф Тираспол отпатува во Мадрид со три бода во групата Д откако го совлада Шахтјор Доњецк со 2-0 на домашен терен во првото коло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
