
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и екс-репрезентативецот Леонард Жута со тимот на Лече ќе играат во плејофот за пласман во Серија А. Лече го освои четвртото место на табелата во Серија Б и продолжува во полуфиналето на плејофот за пополнување на местото во италијанската фудбалска лита.
Во денешното последно коло, Лече загуби на гостувањето кај новиот калчолигаш Емполи со 2-1. Николов беше стартер и играше до 78.минута кога му го отстапи местото на Мајер. Жута остана на клупата за резерви.
Покрај Лече, во полуфиналето на плејофот за пласман во Серија А ќе игра и Монца, идниот тим на Лука Станковски, фудбалерот на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal