
Селекторот на фудбалската репрезентација на Летонија, Паоло Николато, верува дека неговиот тим на утрешниот натпревар против Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, може да одигра многу подобро отколку во Рига.
Минатиот месец Македонија ги порази Летонците со 0-3.
„Нашата филозофија и стилот на игра ќе останат исти, како и на овој меч во Рига. Сакам моите играчи да бидат агресивни, но и да не грешиме, затоа што Македонија на првиот дуел ги искористи нашите грешки. Македонија е одличен тим, но верувам дека можеме ние да бидеме многу подобри од претходниот дуел“, изјави Николато.
Фудбалерот од одбраната Антонијс Черномордијс, исто така е оптимист.
„Очекувам дека на овој натпревар ќе бидеме многу подобри. Треба да останеме фокусирани и да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар. Грешките треба да ги сведеме на минимум“, истакна Черномордијс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
