Connect with us

Никола Илиевски Џиџи се врати на тренинзите на Вардар

Тренерот на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи, повторно е на тренинзите на најтрофејниот клуб. Откако го победи коронавирусот, Никола Илиевски се враќа на тренинзите на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната.


Вардар влезе во опасната зона на табелата по неколку порази и в недела го очекува тешко гостување кај директниот конкурент за опстанок, тимот на Силекс. Мечот во Кратово е многу значаен, а враќањето на шефот на стручниот штаб треба да биде мотив повеќе за младите фудбалери да остварат позитивен резултат.

Advertisement

Facebook

Тимови