
Борусија Дортмунд го совлада Спортинг Лисабон со 0-3 на гостински терен во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите, но тренерот на германскиот тим, Нико Ковач, предупреди дека сè уште ништо не е решено, бидејќи претстои реванш.
За Ковач, ова беше прва победа како тренер на „жолто-црните“ откако го презеде тимот на крајот на јануари.
„Остваривме сосема заслужена победа против технички многу силен противник. Не е лесно да дојдеш во Лисабон и да победиш со 0-3. Но, сè уште не е завршено, бидејќи имаме уште еден натпревар“, изјави Ковач.
„Особено импресивен беше нашиот настап во второто полувреме. Првиот дел беше изедначен, но по паузата значително ја зголемивме брзината, добро ја контролиравме топката и имавме неколку силни периоди. Головите што ги постигнавме беа фантастични. Брзите и прецизни додавања ни овозможија да создадеме простори кои добро ги искористивме.
Многу сум задоволен од нашето издание, затоа што издржавме до крај, покажавме карактер, добра физичка подготвеност и агресивност. Се надевам дека оваа игра ќе има позитивно влијание врз нашите следни настапи. Но, ние сме Борусија Дортмунд, и вакви игри мора да бидат наш стандард“, додаде хрватскиот стратег.
Реваншот е за една недела на „Сигнал Идуна Парк“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
