
Поранешниот тренер на Баерн Минхен и на Волфсбург, Нико Ковач, е една од опциите за нов менаџер на Ливерпул, тврдат медиумите на Островот. „Црвените“ бараат замена за Јирген Клоп кој си заминува на крајот од сезоната.
Досега се веруваше дека тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, е фаворит, но медиумите во Англија пишуваа дека опција е и Хрватот.
Нико Ковач е слободен агент откако претходно во сезоната доби отказ од Волфсбург. Претставници на стратегот биле во Англија, каде имале средби со неколку клубови од Премиер – лигата, меѓу кои и Ливерпул.
Интерес за него има и од екипи од Бундес – лигата.
Ковач е изненадувачка опција за Ливерпул, бидејќи досега не успеа како тренер и на Баерн и на Волфсбург. Го водеше и Монако.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
