Connect with us

Ни Јане Николоски не успеа да го крене Борец, па дојде до разделба

Македонскиот прволигаш Борец никако да излезе од резултатската криза. Реди само порази, а не успеа тимот да го подигне ниту Јане Николоски кој беше ангажиран по заминувањето на Борче Христов.Поради ова, дојде и до разделба меѓу Николоски и Борец.

До крајот првиот дел од сезоната, Борец најверојатно ќе го предводат Марјан Герасимовски и Благој Левков, а потоа ќе се бара долгорочно решение.

Борец е претпоследен на табелата во Првата лига со само осум освоени бода, а во следното коло на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови