Connect with us

Невеш: Кој не би сакал да игра за Барселона?

Играчот за врска на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон, Рубен Невеш, веќе неколку сезони е под внимание на врвните тимови во Европа. Португалскиот играч за врска е задоволен од интересот, па дури и самиот ги зголеми шпекулациите кон една од овие екипи.


„Кој не би сакал да игра во Барселона? Мислам дека тоа е заедничко прашање за сите играчи. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Секако дека е привилегија за мене да ме поврзуваат со тим од ваков калибар. Ја работам мојата работа овде во Волвс и ако ми оди добро, тогаш работите ќе дојдат природно“, изјави Невеш за „Канал 11“.


Невеш му се приклучи на Вулверхемптон од Порто во 2017 година и забележа 223 настапи. Договорот на играчот од средниот ред е до летото 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови