Connect with us

Неверојатен гол на Мики ван де Вен: Претрча цел терен и ја затресе мрежата на Копенхаген (ВИДЕО)

Тотенхем продолжува со одличните настапи во Лигата на шампионите, а најновата победа од 4-0 над Копенхаген ќе се памети по спектакуларниот гол на дефанзивецот Мики ван де Вен.

Холандскиот стопер во 64. минута направи потег кој ги крена на нозе навивачите. Тој ја освои топката длабоко во своето поле, со неверојатен спринт помина петмина противнички фудбалери и со прецизен удар во првиот агол го совлада голманот на Копенхаген, Доминик Котарски.

Со овој погодок Тотенхем поведе со 3-0, а токму Котарски претходно беше виновник за првите два гола – прво со погрешна проценка при излетување далеку од голот, а потоа и со лошо исфрлање на топката која заврши во нозете на напаѓачот на англискиот тим.

Победата беше заокружена со уште еден погодок во финишот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови