Напаѓачот на Удинезе и македонски репрезентативец, Илија Несторовски се повреди пред кулуминацијата на претходната сезона, односно пред почетокот на Европското првенство ова лето, поради што беше приморен да го пропушти нашиот деби-настап на ова натпреварување.
Сепак, во август, тој им се врати на индивидуални тренинзи во Удинезе, но сè уште не може да им се приклучи на останатите фудбалери во тимските припреми. Италијанските медиуми тврдат дека 31-годишниот фудбалер ќе почека до декември пред да го запише првиот настап во Калчо – лигата.
Последното појавување на терените за Несторовски беше во април во рамките на Серија А, а неговото враќање може да се очекува на некој од дуелите против Лацио, Емполи или Удинезе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













