Connect with us

Несторовски даде гол, Славен Белупо го растури Динамо

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски беше стрелец на гол во големиот триумф на Славен Белупо против Динамо Загреб (4-1). Тој се запиша во листата на стрелците во 77.минута, кога ја потврди победата.

Петковиќ во 32.минута донесе водство за Динамо и никој не помислуваше дека Славен ќе дојде до голем триумф. Но, домаќинот израмни во последните мигови од првиот дел, а потоа постигна уште три гола за супер пресврт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови