Connect with us

Нестор – гол се приклучи на репрезентацијата (ФОТО)

Повреден е и нема да може да помогне на теренот. Илија Несторовски направи операција на коленото и во моментов минува низ рехабилитацискиот процес, но тоа не значи дека не може да биде заедно со соиграчите од националниот тим. Нестор – гол пристигна од Удине и утре заедно со репрезентацијата на Македонија ќе одлета за Букурешт на Европското првенство. Ќе биде морална поддршка за соиграчите и истовремено со физиотерапевтот на Удинезе ќе го работи својот дел од програмата за враќање кон натпреварувачки ритам.

Претходно, на соиграчите им се приклучи и Енис Барди кој мина десет дена во изолација чекајќи го негативниот ПЦР – тест. Сега конечно, репрезентацијата е комплетна и во одлична атмосфера ќе замине на Европското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови