Connect with us

Ненад Бјелица е нов тренер на Динамо Загреб

Ненад Бјелица е новиот тренер на Динамо Загреб. Тој беше без работа од мај, откако минатата сезона доби отказ во Унион Берлин. Сепак, до вчера беше под договор со овој клуб, а Германците го држеа на плата за да не мораат да му исплатат отштета. Сепак, сега и таа пречка е надмината.


Бјелица одлично го водеше Динамо од 2018 до 2020 година и под негово водство клубот стана респектабилен европски тим.

Динамо ги договори сите детали за соработката со Бјелица, кој наскоро ќе потпише договор на „Максимир“, а планот е веќе денеска од 18 часот да го води тренингот. Тој ќе го предводи тимот во кој настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а целта е одбрана на шампионската титула.

Бјелица претходниот пат од Динамо Загреб замина на 16 април 2020 година. Договорот тогаш беше спогодбено раскинат по состанок кој траеше три и пол часа. Бјелица имаше уште 15 месеци од договорот и требаше во тој период да заработи нешто помалку од два милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови