Connect with us

Ненад Бјековиќ ќе биде нов претседател на ФСС

Фудбалскиот сојуз на Србија наскоро ќе избере нов претседател, а тоа би требало да биде Ненад Бјековиќ (74), пишуваат медиумите од оваа соседна земја. Бјековиќ моментно е на функцијата заменик претседател и официјално треба да биде именуван за прв човек на српскиот фудбал.


Бјековиќ ќе добие четиригодишен договор и ќе биде именуван на официјалните избори кои ќе бидат распишани во Собранието на ФСС на 29 ноември.

Бјековиќ е легенда на Партизан, каде ги помина најубавите денови во кариерата, подоцна долгогодишен функционер во Партизан, каде беше спортски директор до 2007 година. Подоцна од 2018 година беше во Фудбалската федерација на Србија, беше потпретседател, а потоа во мај годинава го замени Марко Пантелиќ на функцијата в.д. претседател.

Се очекува изборите да бидат распишани на 29 ноември, а на Изборното собрание на ФСС во март Бјековиќ и официјално да ја преземе претедателската функција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови