
Српскиот фудбалер Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигант Бешикташ, пренесуваат тамошните медиуми.
Матиќ се договори со клубот од Истанбул, а Бешикташ го договори и трансферот со француски Рен, за кој моментално настапува искусниот српски играч за врска.
„Црно-белите“ од Истанбул ќе платат значително помалку од 5 милиони евра што Французите првично ги побараа за Матиќ за трансферот на искусниот 35-годишен фудбалер, но поради недоразбирање на играчот и клубот од Рен, тие решија да го продадат под реалната пазарна вредност.
Матиќ летово дојде во Рен од Рома и потпиша договор до летото 2025 година, но не се снајде во Франција, па разделбата е најдоброто решение за двете страни.
Бешикташ моментно е четвртопласиран во турската Суперлига, чиј лидер е Фенербахче.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
