Connect with us

Нема трофеј за Интер Мајами без Лео Меси во тимот

Фудбалерите на Хјустон Динамо го освоија МЛС купот откако во борбата за трофејот го совладаа Интер Мајами со 2-1.


На Интер не му беше важно што ја имаше предноста на домашниот терен кога немаше помош од Лионел Меси. Аргентинецот веќе извесно време е повреден, беше неизвесен за финалниот меч, но и сепак не беше доволно подготвен за да биде во тимот, па натпреварот го следеше од трибините.

Тренерот Херардо Мартино не можеше да смета ниту на Жорди Алба, па беше очигледно дека Интер Мајами без нив тешко ќе стигне до трофејот.

Дорси во 24. минута и Баси од пенал во 33. минута му донесоа два брзи гола на Хјустон Динамо. Интер Мајами постигна почесен гол преку Џозеф Мартинез во судиското продолжение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови