Connect with us

Некој првпат ќе мора да загуби финале – Севилја има „шест од шест“, а Мурињо „пет од пет“

Рома и Севилја ќе се сретнат во финалето на Лига Европа на 31 мај во Будимпешта, а на тој меч ќе се пишува нова фудбалска историја.


Фудбалерите на Севилја до мечот за трофејот стигнаа по спектаклот со Јувентус, додека Рома го елиминираше Баер Леверкузен.

Севилја е рекордер во ова натпреварување, а во финалињата на Лига Европа има скор „6 од 6“, додека тренерот на Рома, Жозе Мурињо никогаш не загубил европско финале.

Португалецот ја освои Лигата на шампионите со Порто и со Интер, Лигата на Европа со Порто и со Манчестер Јунајтед, а минатата сезона со Рома ја освои Конференциската лигата на УЕФА.

Така, нечија нереална серија ќе заврши на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови