Бразилскиот клуб Сантош е на прагот да го врати Нејмар како дел од сензационална позајмица од саудискиот Ал-Хилал. Според информациите од Бразил, договорот е речиси финализиран, иако Ал-Хилал треба допрва да даде конечна согласност.
Познато е дека тренерот на Ал-Хилал, Жорге Жесус, изјави дека повеќе не планира да смета на Нејмар. Сите индиции укажуваат дека 32-годишниот бразилски фудбалер е блиску до враќање во Сантош, клубот каде што започна неговата светска кариера пред трансферите во Барселона и Пари Сен Жермен. Очекувањата се позајмицата да трае до летото, кога истекува договорот на Нејмар со Ал-Хилал.
Santos fecha acordo para a volta de Neymar.https://t.co/Imj6wAtmWA
— Diário do Peixe (@diariodopeixe) January 19, 2025
Претседателот на Сантош, Марсело Тешеира, и директорот Педро Мартинс веќе оствариле средба со претставниците на Нејмар и постигнале договор за неговата плата, при што Сантош ќе покрие значителен дел од високите примања на играчот.
Фановите на Сантош ја покажаа својата желба за враќање на Нејмар, скандирајќи „Врати се дома, Нејмар“ за време на последниот натпревар. Клубот дури подготвил специјално видео со помош на вештачка интелигенција, каде што легендата Пеле го повикува Нејмар повторно да ја облече маичката на Сантош. Овие емотивни гестови го допреле фудбалерот, кој изразил желба да се врати, иако има понуда од американскиот Чикаго фајер.
Во својот прв престој во Сантош од 2009 до 2013 година, Нејмар одигра 225 натпревари, постигна 136 голови и забележа 64 асистенции. Тој освои значајни трофеи како Копа Либертадорес, Рекопа Судамерикана и Купот на Бразил, оставајќи траен печат во историјата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal