
Бразилската ѕвезда Нејмар, кој моментално се опоравува од тешката повреда на коленото, откри неколку интересни информации за времето поминато во Пари Сен Жермен. Тој се присети на периодот кога играше покрај Лионел Меси, кој исто така летото го напушти францускиот гигант.
„Лионел Меси и јас поминавме низ вистински пекол во Париз. Ни недостигаше Барселона“, изјави Нејмар во едно интервју. „Таму навивачите едноставно не нѐ прифатија“.
Бразилецот мина шест години во Пари Сен Жермен, сè уште го држи рекордот за најголем трансфер. Францускиот клуб и плати на Барселона извонредни 222 милиони евра.
Потоа Нејмар се пресели во арапскиот Ал-Хилал, а Меси веќе ги брани боите на Интер Мајами.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
