
Бразилскиот репрезентативец Нејмар е уверен дека и покрај повредата ќе се врати во натпреварувањето на Светското првенство во Катар.
„Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера, и повторно на Светското првенство. Да, се повредив, ме нервира, ме боли, но сигурен сум дека ќе имам шанса да се вратам и ќе дадам се од себе за да и помогнам на мојата земја, на соиграчите и на себеси“, напиша Нејмар на Инстаграм.
Нејмар се повреди синоќа, на натпреварот од првото коло од групата Г против Србија, кој Бразил го доби со 2-0.
„Гордоста и љубовта што ги чувствувам носејќи го дресот на националниот тим се необјасниви. Ако Господ ми дадеше можност да ја изберам земјата во која ќе се родам, тоа ќе беше Бразил“, додаде тој.
Првата ѕвезда на бразилскиот тим напиша дека „никогаш во животот не му било дадено ништо“, и дека морал цел живот да ги „брка своите соништа“.
„Никогаш не посакувам зло никому, туку да им помогнам на оние на кои им е потребна. Противниците се обидуваат да ме скршат? Никогаш. Јас сум син на семоќниот бог и мојата вера е бескрајна“, напиша Нејмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
