Connect with us

Нејмар го постигна првиот гол по враќањето во Сантош (ВИДЕО)

Две недели по емотивното враќање во Сантош, Нејмар го постигна својот прв гол. Тоа се случи при победата од 3:1 против Агуа Санта. Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен го отвори резултатот во 13. минута, реализирајќи пенал досуден по прекршок врз него. Покрај голот, Нејмар запиша и асистенција за погодокот на Аугусто во 70. минута, со што беше поставен конечниот резултат.

Ова беше неговиот четврти натпревар по враќањето во Сантош, кое стана официјално на 31 јануари. Во овој меч, тој одигра најмногу минути досега, останувајќи на теренот до 85. минута.

Натпреварот беше дел од групната фаза на Паулиста првенството, по што Сантош се наоѓа на седмото место во генералниот пласман и на првата позиција во група Б.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови