
Бразилскиот напаѓач Нејмар го раскина договорот со саудискиот Ал-Хилал, вреден 100 милиони евра годишно, и потпиша за својот клуб од младоста, Сантош. Во Бразил го пречека стадион полн со навивачи кои го извикуваа неговото име. Атмосферата го расплака бразилскиот офанзивец, а сега веќе го одработи и првиот тренинг за Сантош.
Нејмар привлече големо медиумско внимание со своето пристигнување на тренинг. По 12 години, на бразилските терени се врати со хеликоптер. Неговите соиграчи наводно се фатиле за глава кога виделе дека Нејмар пристигнува со хеликоптер.
🚁¡Así llegó Neymar a su primer día de trabajo con Santos! ¡EN HELICÓPTERO!
— Radio MARCA (@RadioMARCA) February 3, 2025
📽️ @genioneymarjr1 pic.twitter.com/xjUAwGgfum
Да потсетиме, неодамна тренерот на Ал-Хилал, Жорге Жесус, потврди дека клубот нема да го регистрира Нејмар (32) за вториот дел од првенствената сезона во Саудиска Арабија.
„Тој повеќе не може да игра на нивото на кое сме навикнати“, изјави Жесус. Скапоплатениот бразилски напаѓач ќе имаше право да настапува само во азиската Лига на шампиони.
Нејмар ја започна кариерата како играч на Сантош, а од 2013 до 2017 година играше за Барселона, со која освои сè што можеше. Во трансфер вреден 222 милиони евра во 2017 година се пресели во Пари Сен Жермен, со кој пет пати стана шампион на Франција, пред минатата година да биде доведен од Ал-Хилал за 90 милиони евра.
Повредата на лигаментите е причината поради која за клубот од Саудиска Арабија одигра вкупно само седум натпревари. Во својата кариера, за клубовите и за репрезентацијата, постигна 439 голови на официјални натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
