Нејмар блесна со гол и две асистенции во победата на Сантош со 3-0 на гостувањето кај Интер Лимеира во натпревар од 12-то коло на шампионатот Паулиста.
Импресивен беше начинот на кој 33-годишниот напаѓач погоди во 27. минута. Тој ја испрати топката во мрежата на противникот директно од корнер, замолчувајќи ги навивачите на домаќините, кои го исвиркуваа пред изведувањето.
Нејмар асистираше и за двата гола на напаѓачот Тикињо Соареш, кој ги искористи неговите нафрлувања од корнер.
Со победата, Сантош се искачи на шестото место и има заостанување од девет бода зад лидерот Коринтијанс.
Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ се врати во својот матичен клуб Сантош од Ал-Хилал оваа зима. Досега има постигнато два гола и три асистенции во првите шест натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













