Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија не го вброи Нејмар во својот избор на идеалниот тим на Пари Сен Жермен во историјата. Ова, како што наведуваат француските медиуми, конечно потврдува дека двајцата не „мирисаат“ премногу во составот на „светците“.
Интересно е дека Ди Марија во најдобрите 11 на ПСЖ го вклучи Маурисио Покетино, кој треба да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб на ПСЖ откако раководството му даде отказ на Томас Тухел.
Во идеалниот тим на ПСЖ за Анхел Ди Марија во нападот има место за Роналдињо, Педро Паулета и за Карлос Бјанки, неговиот сонародник кој играше за францускиот клуб во периодот од 1977 до 1979 година и постигна 64 гола на 74 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













